Женската ракометна селекција на ООУ ,,Крсте Мисирков” Гевгелија на вчера одржаниот Државен натпревар во ракомет помеѓу основните училишта во Македонија се изборија за ПЕХАР за освоеното ТРЕТО место во силна конкуренција.
Ученичките под менторство на нивниот наставник по спорт Ѓорги Мандалов беа водени во победничките настапи на Општинскиот и регионаниот натпревар со пласман за Државното првенство меѓу основните училишта. Овде учесници беа основните училишта: „Браќа Миладиновци“ Струга, „Васил Главинов“ Велес, „Гоце Делчев“ Скопје и „Крсте Мисирков“ Гевгелија.
Во полуфиналето се одиграа натпреварите помеѓу:
Струга – Велес 26-20
Скопје – Гевгелија 25-18
Гевгелија потоа одигра победнички натпревар со тимот од Велес со резултат:
– За трето место : Велес-Гевгелија 11 – 14
– За прво место: Струга-Скопје 12 – 17

Конечниот пласман е следниот:
1-во место – ООУ „Гоце Делчев“ Скопје
2-ро место – ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга
3-то место – ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија
4-то место – ООУ „Васил Главинов“ Велес

– „Иако не успеавме да влеземе во финале, горди сме што го освоивме 3-то место на државниот натпревар. Дадовме сè од себе, се боревме до крај и покажавме тимски дух, упорност и љубов кон играта. Ова не е крај, туку мотивација за уште поголеми успеси.“ вели менторот Ѓорги Мандалов.
Екипата на Гевгелија ја сочинуваа ученичките: Драгана Кузманова, Анастасија Ѓорговска, Емилија Танева (трите се IX-то одделенки), Мартина Апостолова, Надица Митрова, Росана Проданова, Марија Стојковска, Горгина Дачева, Благица Паласкарова, Амира Асан, Леа Попова и Ана Марија Чучанова (ученички во VIII одделение). Ученичките се генерација родени 2011-2012 година.
Државниот натпревар во ракомет за основни училишта се одржа во Вевчани во Спортската сала при ООУ„Страшо Пинџур“ во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Браво девојчиња, покажавте дека можете да победувате, да освојувате и да напредувате.
Ракометна Гевгелија одсекогаш создавала ракометни величини!






















