четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ВИДЕО: Гевгелија со „MEGA“од транзитен град прераснува во дестинација за гости од целиот Балкан

Ген.директор на „Мега шопинг парк“ Сотирис Јанакудакис: „Сакаме овој центар да биде силен мотор за локален развој и доказ дека Гевгелија има капацитет за големи нешта“

мај 9, 2026
in ФОКУС
ВИДЕО: Гевгелија со „MEGA“од транзитен град прераснува во дестинација за гости од целиот Балкан
0
SHARES
839
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Најновиот проект кој за 20 дена се отвара во Гевгелија со четиридневна музика забава и содржини за сите возрасти, „Мега шопинг парк“ ќе ја претвори Гевгелија од транзитна точка во дестинација за престој на гостите од целиот Балкан и пошироко. Ова го нагласи генералниот директор на „MEGA Shopping Park“ Сотирис Јанакудакис на завчерашната посета на објектот кој е во завршница, на средба со медиумите и инфлуенсери од Грција.

  • „Ми претставува големо задоволство што денес сме тука, во Гевгелија, за првпат одблизу да ви го претставам проектот на кој посветено работиме изминатиов период. Низ моето 16-годишно искуство во оваа индустрија на Балканот, научив дека суштината на секој голем потфат е во тоа колку реално успева да го подобри секојдневието на луѓето, а токму таа цел нè водеше и при создавањето на „МЕГА Шопинг Парк“.

Овој стратешки капацитет од 20.000 м² го изградивме со јасна намера, целосно да ја промениме улогата на овој регион. Свесни сме дека Гевгелија предолго беше само попатна, транзитна точка на патот кон Грција, но со „МЕГА“ тоа конечно се менува. Градот сега станува модерна дестинација која поставува сосема нови стандарди на нашиот пазар, нудејќи содржини кои досега едноставно не беа достапни овде“ – изјави Сотирис Јанакудакис.

Related posts

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026
Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

август 12, 2026

Тој ги нагласи поентите во креирањето на овој проект:
– „За да го постигнеме тоа, се фокусиравме на концептот „Total Experience“, преку кој на едно место обединивме околу 50 светски и домашни брендови. Но, сакавме да понудиме многу повеќе од само вообичаено пазарење. Затоа, покрај силната понуда на мода, спорт и електроника, воведуваме услуги што навистина му недостасуваа на овој дел од земјата, од современ медицински и козметички центар, па сè до еден од најголемите салони за мебел.

Дополнително, овде ќе биде стационирана и најголемата станица за полнење електрични возила во државата. Посебно внимание посветивме на семејствата, па затоа целиот парк е осмислен како место каде што ќе можат квалитетно да го поминат целиот ден, уживајќи во специфичните гастрономски концепти и најмодерната детска зона дизајнирана за забава на најмладите.

Сепак, она што за мене ја дава вистинската вредност на овој проект не се само брендовите, туку новиот импулс што го носиме во заедницата. Со отворањето на „МЕГА Шопинг Парк“, Гевгелија добива над 500 нови работни позиции, со план оваа бројка многу брзо да надмине 800. За нас, ова не се само статистички податоци, туку конкретна можност за стотици млади луѓе од овој крај својата кариера и својата иднина да почнат да ги градат токму тука, во својот роден град. Сакаме овој центар да биде силен мотор за локален развој и доказ дека Гевгелија има капацитет за големи нешта“ – рече Сотирис Јанакудакис во своето обраќање пред медиумите.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Женскиот ракометен тим на ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – ТРЕТО место на Државен натпревар

Next Post

ВИДЕО: Мирен викенд ден во Дојран

Next Post
ВИДЕО: Мирен викенд ден во Дојран

ВИДЕО: Мирен викенд ден во Дојран

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Притвор за татко насилник и убиец

Притвор за татко насилник и убиец

3 години ago
Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

3 години ago
83 години од депортацијата на гевгелиските евреи

83 години од депортацијата на гевгелиските евреи

5 месеци ago
ВИДЕО: АПРИЛИЈАДА 2026 Гевгелија

ВИДЕО: АПРИЛИЈАДА 2026 Гевгелија

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода
  • Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist