Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’, јавува МВР.
На 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско.
Други детали не се наведени во известувањето од МВР. Кривичната пријава е доставена до Основното Јавно Обвинителство кое е надлежно да постапува според Законот.



















