Со 24 победи од одиграни 27 кола во Втората кадетска фудбалска Лига на Македонија тимот на ФК „Кожуф“ од Гевгелија, генерација 16-17 годишници, станаа ШАМПИОНИ на лигата за 2026 година.
Ова е извонредба победоносна сезона на младите кадети кои на терен испишаа 24 победи, 1 реми и само 2 порази.
Последниот финален натпревар го одиграа со ФК „Беласица“ и го добија со резултат 3:0
Задоволството од победата заедно со победничкиот тим го делеше и гевгелиската публика на градскиот стадион во Гевгелија каде се одигра финалниот натпревар на 29 мај годинава.

Големината на достигнувањето на младите фудбалски кадети од Гевгелија е што зад себе ги оставија своите врсници од ФК „Беласица“, „Победа“ од Прилеп, „Ренова“, „Аеродром“, „Куманово“ и други.
Победничкиот тим го водеше тренерот Никола Филипов, а победничкиот пехар на Шампионите од Втората кадетска Лига на Македонија им го додели координаторот на Фудбалската школа на „Кожуф“ Трајче Ников.

Да потсетиме, ова е трета голема победа на малите фудбалски таленти од ФК „Кожуф“. Минатиот месец децата од генерацијата 2018 под раководство на Бојана Танова станаа Шампиони на Детската Лига на Македонија.
Претходно освоија ТРЕТО место на „Интернационалниот Мастер Куп“ што се одигра во Гевгелија, Валандово Дојран, со 7 победи и само еден пораз од екипата на „Црвена Ѕвезда“ од Белград.
Кадетите победници во Втората Македонска фудбалска кадетска Лига, малите 8 годишни фудбалери на „Кожуф“ 4-то место на Детската фудбалска Лига на Македонија и освојувачи на ТРЕТО место на Интернационалниот „Мастер Куп“. Еден месец со три освоени подиуми, ДВЕ Национални и ЕДЕН меѓународен. Ова е достигнувањето кое покажува сериозна работа и фудбалска иднина за подмладокот на гевгелиски „Кожуф“.
Инаку, школата за фудбал при ФК „Кожуф“ опфаќа деца таентирани за фудбал од генерациите 2007 па се до најмалите од 2018 година. Се’ вкупно се работи со околу 120-130 деца кои треба да прераснат во иднината на гевгелискиот фудбалски клуб. Координатор на школата е дипломираниот професор по спорт и некогашен фудбалер на „Кожуф“ Трајче Ников.
Честитки за остварувањата, за освоените пехари и напред во нови победи за младите фудбалери на „Кожуф“!
ФК „Кожуф“ U8 oсвои ТРЕТО место на Интернационалниот „Мастер Куп“ 2026




















