Пo 10 години заедничко музицирање, денеска членовите на групата „Astra Band“ од Гевгелија го објавија својот прв видео спор за сопствена авторска песна „Свадба да направиме“.
Овој музички првенец со потписот на „Астра бенд“ доаѓа во јубилејната 10-та година од нивното постоење во состав:
Димитар Каракамчев – кларинет, саксофон, гајда – од Гевгелија
Марјан Иванов – тапани – од Богородица
Миле Атанасов – хармоника, сајзер – од Богданци
Крсте Гогов – сајзер – од Нов Дојран
Здравко Стојанов – пејач од Јосифово.
Забележувате, музичкиот состав е од југот, а во својата песна првенец го опишуваат најрадосниот адет, традиционалната гевгелиска свадба, со девери, кумови, сватови, со домаќински пречек и тапани за испраќање.
Автор на музиката и аранжман е Дарко Дамевски, а автор на текстот е Анита Даева.
Од Астра бенд велат дека се задоволни што својот музички првенец го имаат со реномираниот композитор на македонската естрада во фолк музиката, познавач на македонскиот мелос, хармоникаш во ансамблот „Танец“ Скопје.
– „Анита е, слободно ако можам да се изразам нај реномираниот текстописец во Македонија, таа ги пишува сите хитови во нашата држава, на сите естрадни уметници. Задоволство ни’ е што остваривме успешна соработка со неа“ – изјавува Каракамчев.
Астра бенд е основан 2015 година. Ние им честитаме за јубилејот, а Вие може да го погледнете најновиот спот за нивната прва авторска песна „Свадба да направиме“.





















