Ракометниот тим на ветеранките „Југ“ од Гевгелија настапуваат на меѓународен турнир во ракомет во Суботица, Србија каде учествуваат екипи од осум европски земји: Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словачка, Унгарија, Македонија и Романија.
Во дуел со противничките тимови од Војводина и Романија гевгелиските ракометни ветеранки денеска остварија две победи.
Тимот од Војводина го победија со резултат 8 : 4, а тимот на „No Age“ од Романија го победија со резултат 7 : 5.
Утре продолжуваат со натпреварите, за противник го имат тимот на Суботица и се борат за престиж на турнирот.
Им посакуваме спортска среќа и прецизни шут топки!





















