сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ВИДЕО: Нова инвестиција во „Психијатриска болница Негорци, вредна 15.500.000 денари

После речиси 45 години од изградбата, конечно Хроничното одделение при ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци“, Гевгелија доживува своја реконструкција со инвестициски влог на болницата тежок 15.500.000 денари

ноември 17, 2025
in ФОКУС
ВИДЕО: Нова инвестиција во „Психијатриска болница Негорци, вредна 15.500.000 денари
0
SHARES
297
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

После речиси 45 години од изградбата, конечно Хроничното одделение при ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци“, Гевгелија доживува своја реконструкција со инвестициски влог на болницата тежок 15.500.000 денари.

Проектот за реконструксција е стар 5-6 години, од проектна желба во 2018 до проектен план во Програмата за работа на болницата во 2019 година. Истиот го потпишаа три директори, но налетот на корона епидемијата во светот и кај нас налагаа големи средства за дезинфекција, хигиена и заштита на пациентите, па средствата неколку години се пренаменуваа за борба против короната и епидемиолошка, санитетска и здравствена заштита на објектот, пациентите и болничкиот персонал.

Related posts

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026
Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

Осум (8) години од тројниот „РЕНО РЕКОРД“ на Стојачани

септември 30, 2026

Годинава, новата болничка управа под раководство на директорот Сашко Стојиловски конечно започнуваа со реализација на проектот за целосна реконструкција на хроничното одделение кое во моментот згрижува 48 најтешки пациенти во установта.

Со проектот се планира целосна реконструкција на внатрешноста на објектот, со внатрешна, надворешна, кровна, столарска и инсталациона инфраструктура, поставување на сончеви панели за топла вода и уредување на дворот со покриено место за одмор и дружба на пациентите со клупи и настрешница.

Објектот треба да биде готов за 60 дена и ќе претставува модерно решение за тамошните пациенти, кои во овие 45 години од постоењето на одделението користеа простор деградиран со годините и од самата состојба на пациентите, што во современото болничко лекување претставуваа субстандардни услови за престој.

Повеќе од изјавата на директорот на установата, Сашко Стојиловски.

Хроничното одделение се наоѓа во кругот на Психијатриската болница Негорци опкружен со голем парк кој редовно се одржува, со многу зелено опкружување, како од дрвјата во паркот, така и од зелениот спокој кој го пружа близината на подкожуфското зеленило во атарот на с.Негорци.

ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци” – Гевгелија е специјализирана болница која обезбедува третман со специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на сите заболувања кои по МКБ – 10 се сместени во групата на душевни растројства.

Оваа болничка установа во Гевгелија постои веќе 53 години и нуди најсовремена грижа за пациентите од областа на психијатријата, каде условите за престој и лекарска нега се еден од факторите за успешен третман и посакуваниот успех – пациенти кои здрави заминуваат дома.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Валентине од Кенија и Елзан од Србија ПОБЕДНИЦИ на трката 10 км „November Run“

Next Post

Во Гевгелија одбележан 17 Ноември – Светскиот ден за предвремено родени деца

Next Post
Во Гевгелија одбележан 17 Ноември – Светскиот ден за предвремено родени деца

Во Гевгелија одбележан 17 Ноември - Светскиот ден за предвремено родени деца

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Македонија под снег, Гевгелија уште одолева на снежните прогнози

Македонија под снег, Гевгелија уште одолева на снежните прогнози

2 години ago
Споменик „Срце“ поставен во Дојран во чест и спомен на Емилија Динева – првиот донор на срце во Македонија

Споменик „Срце“ поставен во Дојран во чест и спомен на Емилија Динева – првиот донор на срце во Македонија

5 години ago
ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ПЕТАР !

ХУМАНИТАРЕН АПЕЛ за ПЕТАР !

3 години ago
Денес муслиманските верници го празнуваат Рамазан Бајрам

Денес муслиманските верници го празнуваат Рамазан Бајрам

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist