петок, 14, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Обвинение за пратеникот од Гевгелија за сообраќајката со смртни последици во Марино

Непрописно свртување на автомобилот на пратеникот, но и низа пропусти кај возачот на моторот – ова се наодите на Обвинителството за несреќата во која учествуваше пратеникот Сашко Јанчев од Левица, а во која загина малолетник во Марино

декември 20, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Обвинение за пратеникот од Гевгелија за сообраќајката со смртни последици во Марино
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Непрописно свртување на автомобилот на пратеникот, но и низа пропусти кај возачот на моторот – ова се наодите на Обвинителството за несреќата во која учествуваше пратеникот Сашко Јанчев од Левица, а во која загина малолетник во Марино.

Истрагата покажала дека Јанчев, додека го управувал својот „Хјундаи Тусон“ по полноќ на 14 септември, свртел непрописно и го попречил патот на другите учесници.

Related posts

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

август 2, 2026
Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

Деветмина лишени од слобода во Скопје, кај нив е пронајдена дрога

јули 31, 2026

Сепак, обвинителниот акт открива и детали за другата страна: во автомобилот на пратеникот удрил мотор „Јијинг“ кој бил без регистарски ознаки и без вградени светла. Моторот го управувал 16-годишниот Матеј Димовски без возачка дозвола, а ниту тој, ниту 13-годишното девојче кое се возело со него и е тешко повредено, не носеле заштитни кациги.

И покрај овие околности, ОЈО смета дека примарната вина за загрозување на јавниот сообраќај паѓа на возачот на автомобилот.

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице С.Ј. за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно согласно член 300 став 4 во врска со член 297 од Кривичниот законик.

По целосно спроведена истрага и извршени вештачења, обвинителството ги утврди причините за тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино.

Според наводите, обвинетиот управувал патничко возило „Hyundai Tucson“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи ги во опасност животот и телото на другите учесници. Тој непрописно свртел со возилото без претходно да се увери дека маневарот може безбедно да го изведе.

Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски таблички и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишен малолетник. Возачот на мотоциклот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата 13-годишна сопатничка носеле заштитни кациги.

Како последица на здобиените повреди во сообраќајната несреќа, малолетниот возач починал, додека неговата сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, информираат од обвинителството.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Награда „Златна Олимпија“ за Кетерина Шиповиќ за „Спортски подвиг”

Next Post

Почина Драган Б. Костиќ, легендата на „Македонското радио“ кој остави печат пет децении

Next Post
Почина Драган Б. Костиќ, легендата на „Македонското радио“ кој остави печат пет децении

Почина Драган Б. Костиќ, легендата на „Македонското радио“ кој остави печат пет децении

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Првата вакцина против рак од Русија ќе ја сефтосаат и пациенти во Србија

Првата вакцина против рак од Русија ќе ја сефтосаат и пациенти во Србија

10 месеци ago
Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“

Кривична пријава против седум лица и едно лице лишено од слобода за случајот со ФК „Кожуф“ – „Башкими“

12 месеци ago

Јован и Јане од Негорци – Прваци по електроника и информатичко размислување на државно ниво

6 месеци ago
Maкедонија ги собра индивидуалните награди на IHT „Трофеј Карпати“  –  освоена награда МВП и најдобар дефанзивец

Maкедонија ги собра индивидуалните награди на IHT „Трофеј Карпати“ – освоена награда МВП и најдобар дефанзивец

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра
  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра

Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра

август 14, 2026
Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist