Вчера попладне, на 20.01.2026 во 18:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на сервисна улица покрај автопатот „Пријателство“, кон Граничен премин Богородица, се случила сообраќајна несреќа.
Патничко возило „Даихатсу“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.М.(38) од село Петрово, гевгелиско, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
Засега не е објавено која е причината што ја предизвикала сообраќајната несреќа, дали е од техничка природа, условите на патот, или човечки фактор.




















