четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Сеќавање – 10 години без мајстор ПОПЧЕ – (1942-2016)

Некои луѓе оставаат трага во својот живот иако не се професори, лекари, научници, едноставно со другарствата, пријателствата и посветеноста на својата професија, како гевгелискиот фрзерски могул - Попче

февруари 1, 2026
in OД НАШ АГОЛ
Сеќавање – 10 години без мајстор ПОПЧЕ – (1942-2016)
0
SHARES
148
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Ѓорге Поп-Зафиров Попче е незаборавен градски лик вткаен во занаетчиството во Гевгелија чиј дел беше и тој со децении, а остави трага и знаење во секоја од новите генерации фризери и фризерки во Гевгелија, изнедрени до пред една деценија.

Денес се навршуваат 10 години од неговото заминување од овој свет, па му посветуваме сеќавање.

Related posts

ВИДЕО: Чик Ване со свој СТАВ за Зелена Гевгелија

ВИДЕО: Чик Ване со свој СТАВ за Зелена Гевгелија

јули 29, 2026
Волонтирањето го менува оној што дава, но и оној што прима

Волонтирањето го менува оној што дава, но и оној што прима

јули 2, 2026

Роден е на 8 август во Гевгелија и овде го заврши образованието, а потоа му се препушти на занаетот. Беше мајстор со ножичките, потстрижуваше и дами, и господа. Ја знаеше секоја нова фризура во светот, ја носеше во Гевгелија со мајсторството кое го имаше стекнато од искуство, од умешноста на набљудувањето, од знаењето каков зафат на чешелот низ косата каков рез ќе направи со ножичките.

Ѓорѓе Поп-Зафиров Попче беше познат и во фризерската занаетчиска фела во Македонија. Беше член на Комисијата за испит за фризери при Работнички универзитет во Скоје. Пред тоа ги подучуваше гевгелиските кандидати и кандидатки на занаетот како свои чираци. Не беше љубоморен, го ширеше знаењето и професијата на секој што го сака фризерството, без страв дека така создава конкуренција, зошто знаеше дека тој секогаш ќе има верни муштерии кои на фризерскиот стол кај Попче можат да ја посакат и добијат најновата фризура која е светски тренд во тој момент.

Познат како стручњак на својот занает беше често член на Комисии за избор на најдобри фризери на натпревари од Сојузен ранг за време на СФРЈ, па и и во Македонија. Имаше чувство за елеганција и убавина, која тој како мајстор на својот занает ја дополнуваше со совршените фризури кои ги правеше.
Кога ќе те прашаше другарка, или другар кај си се потстрижил, што имаш така добра и модерна линија на косата, врв на изборот беше да се каже „Кај Попче“.

Попче уште од мал го добил овој прекар и остана како додавка на неговото име, а така се викаше и неговиот фризерски салон „ПОПЧЕ“. Вели дека прекарот му го наметнале гевгеличани, зошто бил внук на поп, дедо му бил поп, па често во разговор кога не му го погодувале името луѓето викеле „Ете тоа младото попче ќе ти заврши работа“. И остана попче до крајот на животот.

Попче на млади години

Попче беше градски лик, човек од еснафот, голем другар, пријател, со широка лепеза на пријатели од Македонија и соседството. Со својот комуникациски пристап ги пленеше сите, беше полн со приказни, настани, искуства, едноставно човек полн со живот, прифатен во секое друштво дома и во странство.

Како искусен мајстор до последните години од својот живот работеше во фризерницата и го остави занаетот на сопругата.

Почина на денешен ден 1 февруари 2016 година. На надгробната плоча на вечното почивалиште на Градските гробишта во Гевгелија пишува „Ѓорге Поп-Зафиров ПОПЧЕ“ и има исцртани чешел, фризерски ножици и огледало. Да ги средува по мода и ангелите на небото.

Почивај во мир мајсторе, Попче!

Попче како војник на ЈНА – Мостар 1964 година
ShareTweetShareSend
Previous Post

Koжуф обеле од нов снег, Гевгелија со дожд 23,1 л/м2

Next Post

Добрила Чабриќ, музичката дама од Дојран денес полни 98 години

Next Post
Добрила Чабриќ, музичката дама од Дојран денес полни 98 години

Добрила Чабриќ, музичката дама од Дојран денес полни 98 години

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: „Распеани Гевгеличани“ со песна за Св.Никола

ВИДЕО: „Распеани Гевгеличани“ со песна за Св.Никола

2 години ago
Нова ПОБЕДА на ВИКТОРИЈА – хероината од Гевгелија

Нова ПОБЕДА на ВИКТОРИЈА – хероината од Гевгелија

7 месеци ago
In Memoriam – Почина Петра Лазарова родена Зарлинова (1945-2026)

In Memoriam – Почина Петра Лазарова родена Зарлинова (1945-2026)

7 месеци ago
ЦУК: Пожарот во Дојран се прошири кон месноста Владаја, Стар Дојран

ЦУК: Пожарот во Дојран се прошири кон месноста Владаја, Стар Дојран

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist