Неверојатна среќа – главната награда на СКОПСКО доаѓа во Гевгелија! Младиот гевгеличанец Ристо Продавов е добитник на главната награда на „СКОПСКО“!
Генералниот директор на Пивара Скопје, Огнен Лазиќ, вчера на пригодна средба му ги врачи клучевите од џипот за кампување со монтажен шатор на среќниот добитник Ристо Проданов. 🚙⛺
– „Имаме победник! Му посакуваме многу нови авантури, незаборавни дружби и километри уживање“ – објавија вчера од Пивара Скопје.

Среќниот добитник од Гевгелија со невидена радост позираше при приемот на наградата, а на среќниот настан присуствуваа и членови на неговото семејство. Од денеска низ Гевгелија ќе се вози по патиштата симболично обележениот џип со ознака на СКОПСКО, за да знаат сите дека со „Скопско и сѐ е можно!“

Среќно Ристе!




















