Нова победа на гевгелискиот професор по спорт, спортист, тренер и спортски работник Влатко Семенаков – освои подиум за ВТОРО место на годинашното Национално првенство во Акватлон и титула ВИЦЕШАМПИОН на Македонија во пливање и трчање за 2026 година.
Натпреварот се одржа денеска во Охрид, а професорот Семенаков иако од Југот, доминираше на пливачката стаза и на тркачката патека меѓу многуте учесници на првенството.
Семенаков трасата од 500 метри пливање и 3 километри трчање ја помина за време од 22:41 минути. Тој се натпреваруваше во категоријата „Мастерс 2“ (Мажи на возраст од 40+ години).

Вредно е да се напомене дека Семенаков со својот резултат беше подобар временски од првакот во „Мастерс 1“ (М 30+) за 1 минута и 45 секунди. Семенаков беше подобар и од победникот во „Мастерс 3“ за 3 минути и 37 секунди.
Овоие резултаттски факти го прават Семенаков ВИЦЕШАМПИОН на АКВАТЛОН 2026 во сите три мастерс категории, „Мастерс 1, 2 и 3“!

Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.

Ова не е проблам за сестраниот спортист Семенаков, кој минатата недела се искачи на ШАМПИОНСКИОТ подиум на Националното првенство во Триатлон 2026 што се одржа во Струга, каде пливаше, возеше велосипед и трчаше, станувајќи исто така победник во сите три мастерс категодии „Мастерс 1, 2 и 3“.
На патеката во различни должински траси за пливање и трчање на Акватлон годинава истрчаа сениори, јуниори, кадети, две детски трки и три категории мастерс.
Со медал за ВТОРО место со боите на матичниот клуб АК „7 Ноември“ Гевгелија се закити гевгелискиот неуморен спортист Влатко Семенаков, кој со годините, како и Новак Ѓоковиќ, е се’ поприсутен на натпреварите, подиумите и медалите. Роден е 1984 година, има 42 години, но многу спортски стаж и непотрошен порив за натпревари, победи и радости.
Честитки за денешната победа!
Да го следи спортскиот порив и понатаму и да ја промовира спортски Гевгелија како што тоа победоносно го прави изминативе месеци од сезоната пролет, лето 2026!
Семенаков од Гевгелија – ПОБЕДНИК на Националното Триатлон првенство 2026




















