Во организација на Сојузот на Здруженијата на Пензионери на Македонија вчера во Охрид во СЦ „Билјанини извори“ се одржаа 30-те јубилејни Републички пензионерски спортски натпревари под покровителство на Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.
На натпреварите учествуваа околу 400 пензионери натпреварувачи во повеќе спортски дисциплини од 31 општина во државата.
Од Гевгелија учествуваа две пензионерки – И двете се закитија со медали:
1. РОСКА БОГОЕВА – ЗЛАТЕН Медал – за освоени ПРВО место во дисциплината „домино“;
2. ВАСИЛКА ТОМОВСКА ЈАНЕВСКА – СРЕБРЕН Медал за освоено ВТОРО место во дисциплината „Табла“ во конкуренција за жени.

Ова е голем успех за гевгелиските пензионерки, кои својот пласман за учество на Републички пензионерски спортски натпревари 2026 го обезбедија како победнички на Регионалните пензионерски спортски натпревари каде ги соочија силите и вештините со пензионерките од регионот: Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Велес.
– „Ова е доказ дека и Третото животно доба може да биде исполнето со активности и победи, во радост и дружба, што еднакво го исполнува животот како и во првото и второто доба“ – со оптимизам во животот изјавува носителката на сребрен медал во табла, Василка.
ВИДЕО: Василка на освоениот подиум за ВТОРО место
Честитки за медалистките!
Долг, среќен исполнет живот во здравје и радости, со дружба и активности за сите пензионери и лица во „третото животно доба“!
























