Образованието е човеково право, јавно добро и јавна одговорност.
Генералното собрание на Обединетите нации во 2018 година го прогласи 24 јануари како Меѓународен ден на образованието, со цел да се прославува улогата на образованието за мир и развој.
Улогата на учителите во тој подем е неизмерно важна и поттикнувачка. Тие се првиот прозорец кон знаењето, развојот и иднината. Во својата образовна посветеност на првите генерации послевоени учители не им беше тешко да предаваат на клас со 38 деца и да се грижат секој да научи, да порасне со знаењето.
Затоа и денеска секое дете ја знае својата прва учителка/учител. Овде се учеше, се растеше, се спознаваа искуствата од другите и така се напредуваше.
Голема благодарност до сите кои се вградија во образованието изминатите години, децении.
Фото: од 60-те години на XX век – Ученици со нивната учителка Златка Илин




















