Младиот 18 годишен кикбоксер од Гевгелија Петар Пеев освои подиум за ВТОРО место и СРЕБРЕН медал на Балканското првенство во кикбокс што се одржа во Нови Сад, Р.Србија.
Овде во конкуренција од над 300 натпреварувачи од шест Балкански земји кик боксерот од „Аждер“ Гевгелија ја понесе Вицешампионската титула во категоријата К1. Петар го понесе сребрениот медал во конкуренција на кик-боксери од Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија.

Петар Пеев е долгогодишен член на Кик-бокс клубот „Аждер“ од Гевгелија каде остварува надежна спортска кариера. Тој годинава на Државно првенство во кикбокс што се одржа на 1 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје освои Второ место и СРЕБРЕН медал во категоријата „low kick“ – 75 kg.
Спортската дисциплина, тренинзите, умешноста, борбеноста е дело од посветената работа на Петар под менторство и водство на тренерот Дејан Панов.

Петар годинава е матурант при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија. Во март стана Државен Вицешампион во кик-бокс, во мај стана матурант и Балкански Вицешампион во кик-бокс за 2026. Три остварувања за Петар за последните три месеци од 2026.
Честитки за двојниот ВИЦЕШАМПИОН во кик-бокс Балкански и Македонски, гевгеличанецот Петар Пеев!
TРИ медали за КБК „Аждер“ Гевгелија на Државно првенство во кик-бокс




















