Изминатото денонокие во поголем дел од државата беше облачно со локални врнежи. Во западните делови, Кичево и Кичевско се пожалија на врнежи од град. Во повардарието врнежите беа повремени и стабилни.
Во Гевгелија за изминатите 24 часа наврнаа 12 литри дождовна маса на 1 метар квадратен. Пообилни беа врнежите во текот на ноќта со наврнати 10 л/м², а послаби претпладнето кога во мали налети и со прекини наврнаа околу 2 литри воден талог на 1м².
Најмногу дожд наврна во Крушево со измерен воден талог од 39 l/m². Најмалку во Велес со измерени 0,1 l/m² наврнат воден талог.
За денеска Управата за хидрометеоролошки работи предвидува максимална дневна температура од 27 до 34 степени и УВ индекс 7. Се разбира температурата над 30-ката важи за југот и Гевгелија.
Исто од УХМР испраќаат и АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
„Попладне и особено во планинските региони ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот.“
Уживајте во разладувањето и новиот ден!
.