Во градскиот парк во Стар Дојран, под светлата и светоста на двовековната црква „Свети Илија“ кој гледа над паркот во Стар Дојран синоќа се одржа последниот концертен настап во рамките на Дојранското културно лето 2026, со настап на балканската музичка ѕвезда Гоца Тржан.
Иако облаците синоќа донесоа краткотраен дожд кој предизвика дел од публиката да побара заклон под чадорите поставени во паркот од организаторот, сепак концертот се одржа во разладена ноќна атмосфера која Гоца Тржан ја исполни со милина и топлина со своите песни, хитови и песни испеани од нејзиниот драг музички пријател и колега Тоше Проески.

Гоца Тржан ја распеа публиката во Дојран пеејќи песна од нашиот Тоше Проески со кого таа имаше музичка соработка и големо пријателство.
После дождот Гоца Тржан ја почести публиката на концерт во Стар Дојран со “Игри без граници” на Тоше, македонски песни и своите хитови.
Победи песната, забавата и ѕвезденото небо од кое слушаше и Тоше✨
Настапот на Гоца Тржан беше големо музичко финале на летната културна и забавна програма во Дојран.
За посетителите концертот беше бесплатен, што придонесе за голема посетеност и уште подобра атмосфера.

Со овој концерт, Дојран на атрактивен начин ја заокружи летната сезона, а последниот августовски викенд помина во знакот на музиката, дружењето и добрата забава.




















